
Баер Леверкузен продолжува со одличната форма, освојувајќи три важни бода со победата од 3-1 против Борусија Менхенгладбах. Со овој успех, „фармацевтите“ продолжуваат да го следат лидерот Баерн Минхен во борбата за врвот на Бундес-лигата.
Тимот на Чаби Алонсо ја запиша својата 12-та победа во сите натпреварувања оваа сезона, а осма во германската елита. Леверкузен нема пораз од ноември, кога загуби во Лигата на шампионите против Ливерпул.
И покрај отсуството на клучните играчи Фримпонг и Бонифејс, Чаби Алонсо состави конкурентен тим кој убедливо гги победи гостите. Новакот Терие започна како стартер, но се повреди уште во осмата минута, по што беше заменет со Инкапи. Гостите успеаја да издржат само половина час, пред Флоријан Вирц да го отвори резултатот и да го олесни патот на Баер Леверкузен.
Флоријан Вирц беше главната ѕвезда на натпреварот. Во 32. минута, по асистенција на Џака, Вирц постигна гол за водство од 1-0. Во 62. минута, тој реализираше пенал досуден по прекршок на Кванчара, зголемувајќи на 2-0.
Патрик Шик се потруди за водство од 3-0 во 74. минута по уште една асистенција на Вирц. Гостите постигнаа почесен гол преку Кјандинст во судиското надополнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
