Connect with us

Мартинез: На Мбапе му е подобро да молчи, оти нема поим од фудбал

Франција и Аргентина се среќаваат во финалето на Светското првенство во Катар, а пред големиот дуел на претходните „повици“ на Килијан Мбапе одговори голманот на „гаучосите“, Емилијано Мартинез.


Првата ѕвезда на „триколорите“ летово изјави дека европските квалификации за СП се многу потешки отколку на другите континенти и затоа Европејците доминираат на светските првенства од 2002 година.

Изјавата на Мбапе крена голема прашина и наиде на критики од целиот свет, а најгласни беа Бразилците и Аргентинците, кои напаѓачот на ПСЖ посебно ги спомена во изјавата.

„Кога ќе дојдеме на Мундијалот, подготвени сме. Од друга страна, Бразил и Аргентина не го подигнуваат нивото кое им е доволно за да играат во квалификациите. Фудбалот е понапреден во Европа, затоа европските селекции ги освоија последните првенства“, изјави тогаш Килијан Мбапе.

Во пресрет на финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, се сети на овие зборови на Мбапе и на прес-конференцијата му даде остар одговор.

„Тој не знае доволно за фудбалот. Никогаш не играл во Јужна Америка. А кога немаш искуство, тогаш е подобро да молчиш. Но, тоа не е важно. Ние сме одличен тим и тоа на сите им е јасно“, изјави Мартинез.

Финалниот натпревар на Светското првенство во Катар е закажан за 16 часот на стадионот „Лусаил“ во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови