Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари против Украина и Франција за пласман на Европското првенство.
Напаѓачот на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски, игра во одлична форма, постигна неколку важни голови за националниот тим, и се надева дека голгетерската серија ќе ја продолжи на следните два квалификациски меча.
„Го одработивме денеска тренингот комплетно сите фудбалери кои сме повикани во националниот тим за претстојните натпревари. Знаеме многу добро против кои селекции играме, ги познаваме нивните квалитети многу добро, очекуваме две тешки средби, ќе биде потребна голема пожртвуваност од наша страна, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Прво треба максимално да се посветиме на првиот натпревар против Украина. Потребен ни е ист пристап и смиреност, како на претходниот дуел со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, доколку се придржуваме до тоа што го бара од нас селекторот, мислам дека нема да имаме проблем. Се наоѓам во одлична форма, постигнав гол и на мечот со Ерменија и со Фарски Острови, ќе дадам се од себе за ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија“, изјави Марко Ѓорѓиевски.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, првиот меч го играат со Украина, на 11. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски”. На 16. ноември, на Националната арена „Тодор Проески” гостува моќната селекција на Франција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski