Академија Пандев оствари нов триумф во шампионатот славејќи на гости против Македонија ЃП со 1-2, во воведниот меч од 25.коло. Со ова тимот на Александар Васоски се искачува кон средишниот дел од табелата, се подалеку од опасната зона. Двоен стрелец за гостите беше Марио Крстовски во првото полувреме од натпреварот.
Марио Крстовски донесе предност за гостите од Струмица уште во шестата минута. Тој одлично реагираше на центаршутот од десната страна и со удар со глава ја погоди мрежата на ѓорчепетровци. Дваесет минути подоцна, нов гол на Марио Крстовски.
Овојпат Мартинага нафрли од левата страна, а Марио Крстовски уште еднаш имаше одлична реакција со глава и зголеми на 0-2.
Жикица Тасевски направи промени уште по половина час, во игра ги уфрли Петров и Ајрулаху, а на стартот на вториот дел и Самир Фазли.
Тоа донесе подобра игра на „лавовите“ кои во 61.минута ја намалија негативата. Ајрулаху нафрли од левата страна, а Самир Фазли во петерецот се снајде најдобро и реализираше.
Робсон да Силва и Боби Божиновски имаа шанси за израмнување, но не беа прецизни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













