Connect with us

Манчини ќе си даде оставка, а ќе го наследи Фабио Канаваро?

Дебаклот на Италија ќе остави голем белег, а најверојатно и ќе му пресуди на селекторот Роберто Манчини. Иако беше херој по освојувањето на трофејот на Европското првенство пред само неколку месеци, сега е на дното по поразот (0-1) од Македонија и загубените надежи за пласман на Светското првенство во Катар.


Италијанските медиуми најавуваат дека Манчини сам ќе се повлече од функцијата откако по неколку дена ќе се опорави од шокот што му го приредија македонските репрезентативци. За негов наследник се споменува Фабио Канаваро, поранешниот капитен на националниот тим кој тренерскиот занает го започна во Кина.

На Италијанците им преостанува на 29 март да играат против Турција како две поразени селекции на патот кон Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови