Connect with us

Манчини ќе го продолжи договорот со италијанската репрезентација до 2026 година

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини ќе го продолжи договорот со ФИГЦ до 2026 година. Тој забележа одлични резултати со „аѕурите“ во изминатиот период и иако имаше желба да му се врати на клупскиот фудбал, сепак, ќе остане на кормилото на националниот тим.


Манчини со новиот договор кој ќе стапи на сила по СП во Катар, ќе заработува 3 милиони евра годишно. Тој ја презеде фудбалската селекција на Италија во мај 2018 година.

Претходно, Манчини беше тренер на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити и на Зенит.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови