
Манчестер Сити ја освои тројната круна откако на веќе освоените титули во Премиер – лигата и во ФА Купот ја додаде титулата најдобар тим во Лигата на шампионите.
Иако и другите европски клубови трошат огромни пари за доведување играчи и нивните плати, за многумина Манчестер Сити е еден од синонимите за купување на титулата, а споредено со тоа Гвардиола дел од медиумите го нарекоа и „ќелав измамник“.
Шпанскиот „АС“ не го тврди тоа, но пресметал колку е вложено во клубот од 2008 година, односно откако го купи шеикот Мансур. Негативното салдо од работењето од 2008 година до денес изнесува 1.452 милијарди евра.
Манчестер Сити во последните 15 години одвоил 2.303 милијарди евра за доведување играчи, а со нивна продажба се направени 852 милиони евра.
„Цената за постигнување европска слава е вкупно 1.452 милијарди евра“, заклучи „АС“ по првата титула на Сити во Лигата на шампионите.
Инаку, најскапиот играч во историјата на Сити пристигна во клубот во 2021 година. На Астон Вила и беа платени 117 милиони евра за да биде доведен Џек Грилиш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
