Connect with us

Манчестер Сити со фантастична понуда за Лионел Меси

Лионел Меси се уште нема потпишано нов договор со Барселона, па Манчестер Сити до последен момент гледа можност да го привлече Аргентинецот. Раководството на „граѓаните“ и Пеп Гвардиола решија да си ја пробаат среќата и испратија фантастична понуда за Меси, пренесуваат медиумите на Островот.


Манчестер Сити му нуди плата од 500.000 фунти неделно и двегодишен договор за да пристигне на „Итихад“.
Доколку се реализира овој трансфер Меси ќе биде најплатениот фудбалер во историјата на Премиер лигата, но предноста за Сити е што нема да плаќа трансферна сума, бидејќи Аргентинецот ова лето ќе биде слободен агент.


Од Каталонија дојдоа информации дека Меси дал согласност за продолжување на соработката со Барселона, но со услов клубот да направи конкурентен тим за освојување на Лигата на шампионите. Манчестер Сити апсолутно го исполнува тој услов на Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови