Connect with us

Манчестер Сити сака да го задржи Родри до 2029 година

Манчестер Сити направи потег кој воопшто нема да им се допадне на челниците на Реал Мадрид. „Граѓаните“ подготвуваат нов договор за шпанскиот интернационалец Родри.

Родри е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а благодарение на неговите феноменални настапи ја освои и „Златната топка“.

Шпанецот е дел од Манчестер Сити уште од 2019 година и претставува една од најважните алки во машинеријата на Пеп Гвардиола.

Речиси целата мината сезона ја пропушти поради тешка повреда, а тоа сериозно се одрази врз играта на „Граѓаните“, кои останаа без трофеј.

Пред неколку недели, шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид има намера да го доведе 29-годишниот Родри, но дури во летниот преоден рок следната година.

Причината е што во летото 2026 година на Родри ќе му остане само уште една година од договорот, па „кралевите“ би можеле да го добијат за многу пониска цена.

Сепак, раководството на Манчестер Сити реши да реагира превентивно и веќе започна преговори со Шпанецот околу нов договор. Според плановите, новиот договор би траел до 2029 година, а Родри со тоа би станал втор најплатен фудбалер во клубот од Манчестер – веднаш зад Ерлинг Халанд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови