
Раководството на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити планира да го обнови стартниот состав на тимот во следните два трансферни прозорци, со доведување на пет или шест играчи во почетниот состав, пренесуваат медиумите на Островот.
Клубот има намера да му помогне на менаџерот Пеп Гвардиола да се справи со кризата, а исто така смета дека е неопходно да продаде некои од играчите кои можеби не ги исполнуваат стандардите на шпанскиот стратег, заменувајќи ги со нови играчи.
Манчестер Сити се очекува да најде замена за повредениот Родри, во јануарскиот трансферен прозорец. Претходно во медиумите се појави информација дека „граѓаните“ се заинтересирани за доведување на Шпанецот Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и за Бразилецот Бруно Гимараеш од Њукасл.
По резултатите од 17. коло, Манчестер Сити е седмопласиран на табелата во Премиер – лигата со 27 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
