Англискиот премиерлигаш Манчестер Сиит оствари триумф (3-1) над Порто на стартот од новото издание во Лигата на шампионите, но се чини дека плати и преголем данок. „Граѓаните“ останаа без Фернандињо, кој се повреди во завршницата од мечот и најверојатно ќе отсуствува од терените повеќе од еден месец.
„Лошо е, повредата не е наивна. Би можел да отсуствува и до шест седмици, а тоа ќе биде голем проблем за нас поради згуснатиот распоред“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.
Фернандињо на овој меч не одигра ниту десетина минути, а сериозно се повреди. Тој влезе во игра во 85.минута и заработи повреда во судиското продолжение од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













