
Манчестер Сити почна лошо, но потоа потсети на шампионските денови и го совлада Кристал Палас со 5-2.
Езе и Ричарс донесоа 0-2 за Кристал Палас, но Кевин де Бруин и Омар Мармуш одговорија во стил за Сити. На полувреме беше 2-2 и натпреварот ветуваше спектакл.
По паузата, Манчестер Сити влезе со сосема поинакво лице – како разигран шампион. Веќе во 47. минута, Матео Ковачиќ ја погоди мрежата и донесе водство за „граѓаните“. Само девет минути подоцна, Џејмс Мекати го удвои водството со прецизен удар за 4-2, а тимот на Палас целосно се изгуби на теренот.
Круната на одличната игра стигна во 79. минута – младиот Нико О’Рајли ја заокружи голеадата и ги постави конечните 5-2. Белгискиот маестро Де Бруин блескаше, не само што постигна гол туку и мајсторски асистираше за Ковачиќ и диригираше со секој напад на Сити.
Со оваа победа, Манчестер Сити се зацврстува на четвртата позиција со 55 бодa и решително чекори кон Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
