Манчестер Сити официјално го објави ангажманот на голманот Џејмс Трафорд. 22-годишниот чувар на мрежата се враќа кај „граѓаните“ по две сезони поминати во редовите на Барнли.
Трафорд потпиша петгодишен договор и го доби дресот со број „1“.
„Враќањето во Сити е многу посебен и горд момент за мене и моето семејство. Од секогаш сонував еден ден повторно да бидам дел од Манчестер Сити. Ова е местото кое го нарекувам свој дом“, изјави Трафорд.
Тој го напушти Сити во 2023 година и се приклучи на Барнли, каде што му помогна на тимот да се врати во Премиер – лигата. Минатата сезона запиша рекордни 29 натпревари без примен гол во Чемпионшип, што дополнително го утврди неговиот статус како еден од најперспективните млади голмани во Англија.
„Џејмс веќе е еден од најуспешните млади голмани во англискиот фудбал и ние сме среќни што повторно го пречекуваме во Манчестер Сити. Тој ги поседува сите квалитети кои се потребни за еден врвен голман“, изјави директорот на Сити, Хуго Виана.
Трафорд е шестото засилување на Манчестер Сити во тековниот преоден рок. Клубот, кој четири пати по ред беше шампион на Англија, минатата сезона ја загуби титулата од Ливерпул.
10 years later ✍️🩵 pic.twitter.com/xQ3EKOvi4P
— Manchester City (@ManCity) July 29, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













