
Финалистот во Лига Европа од минатата сезона, Манчестер Јунајтед, има сериозен интерес за ангажман на младиот камерунски репрезентативец Карлос Балеба, кој настапува за Брајтон.
Според пишувањата на британските медиуми, претставници на „црвените ѓаволи“ веќе воспоставиле контакт со управата на Брајтон преку посредници, со цел да испитаат можност за реализација на трансферот на 21-годишниот централен играч за врска.
Иако Брајтон не е премногу заинтересиран да се раздели со еден од своите најперспективни фудбалери, клубот би ја разгледал понудата доколку таа достигне 90 милиони фунти, плус дополнителни 10 милиони во бонуси.
Јунајтед, пак, во овој момент не е подготвен да понуди повеќе од 70 милиони фунти, но на „Олд Трафорд“ се надеваат дека, во случај да постигнат договор со самиот фудбалер, Балеба би можел да изврши притисок врз клубот за намалување на побараната сума.
Сепак, за да го реализира овој трансфер, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе мора прво да се ослободи од неколку фудбалери кои не се во плановите на менаџерот Рубен Аморим.
Карлос Балеба пристигна во Брајтон од Лил пред две години за 27 милиони евра, но брзо се наметна како еден од најдобрите млади средни играчи во Премиер – лигата, што доведе до значителен раст на неговата пазарна вредност. Неговиот актуелен договор со Брајтон трае до летото 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Првата лига за жени стартува на 17 август

Евро-фудбал
ПСЖ тргнува по потписот на Родриго

Прва лига
МВР, со „Илирида“, што правиме? (ВИДЕО)
