Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го доведе Габигол во јануари

Манчестер Јунајтед ќе бара нов напаѓач во јануарскиот преоден рок за да го реши голгетерскиот проблем. Желба на „црвените ѓаволи“ е бразилскиот ас на Фламенго, Габриел Барбоса, познат како Габигол.


На „Олд Трафорд“ не се задоволни од настапите на Маркус Рашфорд и на Расмус Хојлунд и го насочија вниманието кон Габигол, пишуваат на Островот.


Договорот на напаѓачот со Фламенго истекува на крајот на 2024 година и тој може да биде доведен за 20 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ се подготвени дури и да го испратат Антони на позајмица во гигантот од Рио де Жанеиро за да го обезбедат Габигол.


За Габриел Барбоса е заинтересиран и Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови