Манчестер Јунајтед се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија откако со пресврт го совлада Фулам со 3-1 на „Олд Трафорд“. Гостите во финишот играа дури со двајца фудбалери помалку откако беа исклучени Вилијан и Александар Митровиќ.
А се изгледаше идеално за Фулам на почетокот на вториот дел, кога Митровиќ во 50.минута постигна гол за водство.
Сепак, во 75.минута, Вилијан одбрани на гол-линијата со рака, по шутот на Џејдон Санчо. Доби црвен картон, а му се придружи и Александар Митровиќ откако гестикулираше кон судијата.
Бруно Фернандеш успеа да го реализира пеналот за 1-1, а само две минути подоцна Марсел Сабицер постигна гол за пресврт „црвените ѓаволи“. Во судиското продолжение, Бруно Фернандеш постигна и трет гол за Јунајтед, кој ќе игра против Брајтон во полуфиналето на ФА купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













