Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста на лето да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. „Црвените ѓаволи“ ќе мора зналително да го засилат нападот за следната сезона, бидејќи на лето ќе си замине Единсон Кавани, а неизвесна останува иднината и на Кристијано Роналдо. На „Олд Трафорд“ ќе се обидат да привлечат нов голгетер од врвна класа, а 33-годишниот Полјак е една од опциите.
Не е тајна дека Левандовски сака да ја промени средината и да си ја проба среќата во друг клуб на крајот од кариерата. Тој има договор со Баерн Минхен до летото 2023 година, па германскиот клуб веројатно ќе биде подготвен да преговара за евентуална продажба доколку добие доволно примамлива понуда.
Јунајтед првично го таргетираше Ерлинг Халанд како засилување за нападот, но во оваа фаза се очекува да биде доста тешко привлекувањето на Норвежанецот. Затоа Левандовски е соодветна, но и многу пореална опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













