
Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Лидс, Тајлер Адамс. Американецот долго време е во радарот на „црвените ѓаволи“, кои може да упатат понуда за него на лето, пишува „Фудбал инсајдер“.
Доколку Лидс испадне од Премиер – лигата, што е многу веројатно дека ќе се случи, клубот сигурно ќе се раздели со многу свои ѕвезди. Едно од заминувањата најверојатно ќе биде и Адамс, кој тешко дека ќе има желба да игра во Чемпионшип, особено што има сериозен интерес за него.
Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го привлече играчот од средниот ред во своите редови. Верува дека Лидс ќе го продаде за понуда од 20 милиони фунти.
24-годишниот Адамс одигра 26 настапи за Лидс оваа сезона и веројатно ќе имаше многу повеќе да не беа некои повреди. Тој е и капитен на репрезентацијата на САД со 36 натпревари и еден постигнат гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
