Connect with us

Манчестер Јунајтед бара 50 милиони фунти од Челси за Алехандро Гарначо

Манчестер Јунајтед постави цена од 50 милиони фунти за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, кој е цел на интерес од Челси.

Аргентинецот веројатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, откако „црвените ѓаволи“ се сè поблиску до финализирање на трансферот на Бењамин Шешко од Лајпциг, пренесува „Би-Би-Си“.

Гарначо сака да остане во Англија и веќе одбил неколку други понуди. Во исто време, „Атлетик“ објавува дека Челси ги забрзал преговорите за аргентинскиот напаѓач.

Јунајтед веќе се засили со Брајан Мбеумо и Матеус Куња, а договорот за Шешко е во завршна фаза. Овие нови засилувања сериозно ги доведуваат во прашање долгорочните перспективи на Гарначо во клубот.

Аргентинецот беше меѓу петмината играчи на кои им беше дозволено подоцна да се приклучат на претсезонските подготовки, а Рубен Аморим јасно порача дека Гарначо не е во неговите идни планови.
Интересот на Челси за него датира од пред неколку месеци, а сега „сините“ се наметнуваат како најпосакувана дестинација за фудбалерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови