Струга Трим Лум ќе презими веднаш зад најдоброто трио. По триумфот над Шкупи на гости (1-2) тимот на Срѓан Захариевски го заокружи есенскиот дел од сезоната со 28 бода и се наоѓа на четвртата позиција.
За крај на есента, Срѓан Захариевски зема голем скалп во Скопје. Падна Шкупи на комплексот на ФФМ. Шефот на стручниот штаб успеа да изгради одличен тим, компетитивен, кој фудбалски се надигрува и бележи одлични резултати. Не е лесно да се совлада Шкупи на гости, а Срѓан Захариевски ја пронајде формулата.
Покрај триумфот, Струга Трим Лум прикажа и навистина одлична игра. Тоа пресуди Захариевски да биде изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар тренер на 18. коло, а во сериозна конкуренција беа и Димитар Капинковски и Ќатип Османи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













