Мирно, мудро, тивкои со стратегија, а Струга Трим Лум е на четвртата позиција на табелата, веднаш зад многу споменуваното трио оваа есен, Шкендија, Македонија ЃП и Шкупи.
Струга Трим Лум оствари тежок триумф (2-1) над Работнички во 17.коло. Победата ја извлече тренерот Срѓан Захариевски кој направи неколку одлични потези во вториот дел и со офанзивен пристап го бараше победничкиот гол за својот тим. Го уфрли во игра Филип Миленковски по левата страна и токму таму се отвори простор за негов центаршут, по кој Абдулхади Јахја ја искористи слабата реакција на одбраната на Работнички и со удар со глава ја затресе мрежата на „романтичарите“.
Захариевски изгради посебен стил на игра во струшкиот тим, офанзивно, на гол повеќе, но сепак мудро и дозирано, со контрола на топката од средниот ред. Со триумфот над Работнички, го заслужи епитетот најдобар тренер на 17.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













