Работнички е најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. „Романтичарите“ стигнаа до третата победа и сѐ уште се без пораз, откако го совладаа освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, со 3-1 на Националната арена „Тодор Проески“.
Горан Станиќ во финишот успеа да пронајде формула како да го надигра Тиквеш. При резултат 1-1, и во период кога гостите можеби беа подобри на теренот, Станиќ направи потег од клупата и во игра ги уфрли Димитар Данев и Али Регба, а тие ги постигнаа двата гола за триумф.
МАКФУДБАЛ го избра Горан Станиќ за најдобар тренер на 5.коло во Првата лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













