
Со многу проблеми, остана без речиси цел тим пред почетокот на сезоната, но успеа повторно да склопи мозаик, еден спој на младост и искуство и со Вардар да победува. Тинејџерска атракција е Вардар во Првата фудбалска лига, играат момчиња и со едвај наполнети 16 години, но Александар Васоски храбро им дава шанса и тие му враќаат со одлични игри.
Вардар го доби дуелот со Академија Пандев во минатото коло со 2-0 и се искачи на шестата позиција со 19 бода. Пласманот и резултатите се премија ако се споредат со актуелната финансиска состојба во клубот и иднината која доколку не дојде стабилен спонзор, воопшто не е розова. Но, и во една таква ситуација, во која не е лесно да се работи, Александар Васоски наоѓа начин да ги мотивира фудбалерите, а тие му враќаат со добри игри.
МАКФУДБАЛ го издвои Александар Васоски за најдобар тренер на 13.коло во Првата фудбалска лига. Триумфот над Академија Пандев е значаен од повеќе аспекти, а веќе в среда „црвено-црните“ ги очекува гостување во Кратово и дуел со Силекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
