
Струга Трим Лум оствари историски пласман на европска сцена, Академија Пандев обезбеди директен опстанок. Шкендија одамна ја прослави шампионската титула, а вчера се избламира со очајна организација откако дозволи навивачите да влезат на стадионот, па и на теренот, расипувајќи го шоуто при добивање на пехарот. Шкупи сигурно го освои второто место, а од лигата испаднаа Вардар и Беласица. Ренова и Силекс ќе мораат да играат бараж за да обезбедат опстанок во елитата.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 33.коло од Првата лига.
- АРТАН ИЉАЗИ (ШКУПИ)
Имаше неколку одлични интервенции во дуелот против Шкендија. - МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Агилен по десната страна, одигра квалитетно во последниот дуел од сезоната. - КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Стоперот кој умее да се претвори и во играч за врска, па дури и напаѓач, кога тоа му е потребно на тимот. По исклучувањето на Алтипармаковски доби многу поофанзивна улога во тимот и беше најзабележителен во историскиот триумф на Струга Трим Лум. - КОСТА МАНЕВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Стандардно квалитетен во одбраната, а успеа да го отвори резултатот и да ја најави победата за Академија Пандев во решавачкиот меч за обезбедување опстанок. - АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
Без него играта на Шкендија едноставно не може да се замисли. И на последниот меч докажа дека е „моторот“ на шампионот. - АЛИ АДЕМ (ШКУПИ)
По доаѓањето на Гоце Седлоски се препороди, доби првотимски статус и покажува дека е еден од најдобрите играчи за врска во шампионатот. Постигна и гол против Шкендија. - ФИЛИП ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Го искористи киксот на младиот голман на Вардар, беше присебен, донесе водство, одигра квалитетен меч за Македонија ЃП. - БУНЈАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Беше неуморен во средниот ред, постојано притискаше во офанзива и бараше победнички гол за Струга Трим Лум иако тимот беше со фудбалер помалку. - ОМАР ГОУДИЈАБИ (ПЕЛИСТЕР)
Изведе уште една мајсторија против Беласица и го заслужи местото во најдобриот тим на колото. - ДАНИЕЛ МИЛОВАНОВИЌ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Двоен стрелец за Академија Пандев во решавачкиот меч за опстанок. - ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Одигра половина час на гостувањето во Гостивар, но го постигна израмнувачкиот гол за Работнички на дуелот со Ренова.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Успеа да ја оствари посакуваната победа за Струга Трим Лум на гостувањето против Силекс и да обебеди прв историски пласман на европска сцена за струшкиот клуб. И покрај тоа што повеќе од еден час тимот играше со фудбалер помалку, офанзивната стратегија не се промени, а Захариевски бараше агресивност и максимална борбеност од фудбалерите. На крајот, тоа беше победничка формула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
