
Изминатово 32. коло од Првата македонска фудбалска лига го даде старо-новиот македонски шампион Шкендија, која на четири кола до крајот си ја осигура титулата. За останатите позиции на табелата оваа рунда ништо не реши. Силекс и Беласица и натаму продолжуваат со битката за опстанок, а до крај неизвесно ќе биде кој ќе стигне до четвртото место кое може да носи до европски излез.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 32. коло во Првата лига.
1. БЕКИМ РЕЏЕПИ (ШКЕНДИЈА)
Квалитетна претстава на младиот чувар на мрежата на тетовци кој беше сигурен на голот на Шкендија, во неколку наврати и одлично интервенирајќи спречувајќи погодок за домашните на дуелот со Работнички.
2. СТЕФАН КОЦЕВ (СИЛЕКС)
Повторно еден од најзабележителните во редовите на Силекс, одличен по десната странична позиција и сигурен во одбраната.
3. ЕВГЕНИЈ НОВАК (ВАРДАР)
Без грешка во дефанзивата. Иако Вардар прими два гола на гостувањето во Чаир, сепак погодоци кои тешко и можеа да бидат спречени од одбраната.
4. ВИСАР МУСЛИУ (ШКЕНДИЈА)
Беспрекорен во одбраната на Шкендија. Главно натпревар без забележителни грешки, доволно тетовци да останат без примен гол и со триумф за титула.
5. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)
Квалитетен натпревар за левокрилниот дефанзивец на Силекс. Стрелец и на гол во триумфот над Академија Пандев.
6. МУАРЕМ БАЈРАМИ (ШКУПИ)
Капитенска игра на Бујрами, одличен во средниот ред сето тоа зачинето со евро-гол кој ретко се гледа на нашите фудбалски терени.
7. ЕНУР ТОТРЕ (ШКЕНДИЈА)
Мајсторски реагираше во финишот на натпреварот, со единствениот гол на мечот против Работнички носејќи го трофејот за Шкендија.
8. ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)
Еден од најдобрите во редовите на Вардар. Донесе бод за „црвено-црните“ со прекрасен погодок директно од слободен удар.
9. ДУШАН САВИЌ (БЕЛАСИЦА)
Двоен стрелец во триумфот над Македонија ЃП, повеќе од значаен за струмичани во битката за опстанок.
10. МАРКО РАЈКОВИЌ (СИЛЕКС)
Играч на мечот меѓу Силекс и Академија Пандев. Постигна два гола во триумфот од 3-0 на кратовци од кои првиот вистинско ремек-дело.
11. ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (РЕНОВА)
Ренова запиша победа од 9-1 против отпишаната Победа. Во голеадата во Тетово убедливо најдобар Стојановски со четири постигнати погодоци.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЌАТИП ОСМАНИ (ШКЕНДИЈА)
Стратегот кој втора сезона по ред носи титула за Шкендија. Тетовци одиграа за себе на дуелот против Работнички, мудро до крајот одржувајќи реми без голови а потоа со мајсторска акција стигнувајќи и до триумфот за титула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
