 
																												
														
														
													Шкендија е нов шампион, сосема заслужено може да се радува на четири кола пред крајот. Вардар е уште „жив“ откако ја победи Беласица, битката за опстанок ќе биде неверојатно возбудлива, но исто така и трката за третото место и излезот на европска сцена. Струга Трим Лум оствари неверојатен триумф во Ѓорче Петров (2-3) со фудбалер помалку.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 29.коло во Првата фудбалска лига.
- ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
 Бранеше одлично, успеа со брилијантни одбрани да спаси и кога Ренова можеше да одбрани од белата точка. Со двојна одбрана ги спаси шутевите на Јашароски и на Мишевски.
- МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
 Го најави пресвртот на Шкендија со израмнувачки гол и го трасираше патот кон победата за прослава на шампионската титула.
- ВИКТОР ВЕЛКОСКИ (ВАРДАР)
 Еден од најискусните во овој тим на Вардар одигра квалитетен меч, спаси неколку ситуации во кои можеше да биде загрозено минималното водство на тимот против Беласица.
- БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)
 Беше на висина на задачата во одбраната на Шкупи во триумфот против Работнички.
- ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС)
 Младиот играч за врска на Силекс одигра одлично и беше стрелец на погодок во победата против Академија Пандев.
- ВИКТОР КРСТЕВСКИ (ВАРДАР)
 Ги продолжи надежите на Вардар за опстанок во елитата со победнички погодок против Беласица.
- ОМАР ГОУДИЈАБИ (ПЕЛИСТЕР)
 Незадржлив за одбраната на Ренова, на неверојатен начин ја наттрча противничката одбрана и го постигна победничкиот гол.
- НЕМАЊА БОСАНЧИЌ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Инспиратор на големиот триумф (2-3) на Струга Трим Лум во Ѓорче Петров. Постигна прекрасен гол од слободен удар.
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
 Искусниот стрелец секогаш е на вистинското место кога на Шкендија и е потребен погодок. Тој постигна гол за пресврт против Борец и одигра одличен меч.
- МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Ладен како шприцер при изведување на пеналите против Македонија ЃП. Реализираше двапати, вториот пат во 95.минута и донесе триумф за стружани.
- ПЕПИ ЃОРГИЕВ (СИЛЕКС)
 Влезе во голгетерска форма и го води тимот на Силекс кон опстанок. Постигна два гола во триумфот (3-2) против Академија Пандев.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Пронајде победничка формула за тимот на Струга Трим Лум на клучното гостување кај Македонија ЃП и го врати тимот во трката за третото место. Ниту хендикепот што стружани играа со фудбалер помалку не го спречи да го најде патот за голем триумф во Ѓорче Петров.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														