Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 21. коло!

Вардар и Работнички ги поделија бодовите во дерби пресметката од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига, што го искористи Шкендија со триумфот над Македонија ЃП за повторно враќање на -8 бода од лидерот. Интересна ќе биде битката за опстанок, откако Борец остана непоразен во Струмица а Ренова славеше против Шкупи на Чаир.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 21. коло во Првата лига. 

1. РИСТЕ ЈАНКОВ (РАБОТНИЧКИ)

Херојот на „романтичарите“ кој одбрани пенал во последната секунда и донесе голем бод за својот тим од дерби пресметката со Вардар.

2. МЕЏИТ НЕЗИРИ (ШКЕНДИЈА)

Квалитетен натпревар за дефанзивецот на тетовци заокружен и со извонреден погодок во победата од 4-1 против Македонија ЃП.

3. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)

Одбраната на Борец понесе голем товар за освојување на бодот од гостувањето против Академија Пандев во Струмица. Тука сериозна улога и за секогаш максимално борбениот Стојковски.

4. ЏЕЛИЛ АБДУЛА (РЕНОВА)

Повторно солиден натпревар за Абдула, како еден од најважните во дефанзивните линии на Ренова кои беа на сериозен тест во Чаир.

5. ГЛЕДИ МИЦИ (ШКЕНДИЈА)

Максимално активен во текот на целиот дуел. Добар дел од акциите на домашните се реализираа по левата страна, асистент на првиот гол за водство на Шкендија.

6. АЛИ АДЕМ (ВАРДАР)

Цврст на средината од теренот, максимално борбен и секогаш офанзивно расположен како креатор на добар дел од акциите на тимот.

7. СТЕФАН ЈЕВТОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Забележлив во средниот ред, квалитетна дефанзива и секогаш цврст во дуелите со противничките фудбалери со значајна улога за освоениот бод на дербито.

8. АГИМ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Вообичаено еден од најдобрите во својот тим. Поголемиот дел од акциите и при погодоците активирани од Ибраими, имаше и погоден дирек пред третиот гол за својот тим.

9. ОМАР ИМЕРИ (ШКЕНДИЈА)

Расположен за игра кај тетовци. Стрелец на два гола во значајната победа против Македонија ЃП од 4-1.

10. ИЛИРИД АДЕМИ (РЕНОВА)

Еден од најдобрите во составот на Ренова, стрелец и на еден гол во победата на гостувањето против Шкупи.

11. ФЛОРИЈАН КАДРИУ (РЕНОВА)

Херојот во победата на Ренова од 2-3 на Чаир. Постигна два гола од кои првиот вистинско ремек-дело со кој го најави пресвртот на средбата против Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови