Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 16. КОЛО!

Вардар и покрај ремито против Силекс во Кратово успеа да ја „набилда“ својата бодовна предност во однос на Академија Пандев и Шкендија, поради нивните порази од Шкупи односно Струга ТЛ во 16. коло од шампионатот. Сето тоа ги носи „вардарци“ на две кола пред крајот на првиот дел од сезоната многу блиску до есенската титула. Работнички конечно стигна до победа, славејќи со 2-1 против Борец, а Македонија ЃП и втор едноподруго натпревар по преземањето на клупата од страна на Наџи Шенсои е без пораз.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 16. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:

1. УРОШ ЃУРИЌ (СТРУГА ТЛ)

Одличен меч за голманот на стружани. Сигурен во неколку наврати, без грешка и во второто полувреме кога се чуваше предноста за победа над Шкендија.

2. ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Максимално активен во средниот ред на тимот со беспрекорно завршување на дефанзивните задачи. Во континуитет со постојано учество и во офанзивните акции.

3. БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)

Без посериозна грешка одигран натпревар, цврст, сигурен во одбраната не дозволувајќи посериозна закана од противничките играчи кон голот на Шкупи.

4. ВИКТОР ВЕЛКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Покрај квалитетната игра во дефанзивата, со погодок учествуваше во победата на Работнички против Борец.

5. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)

Уште еднаш еден од најзабележителните на терен на дуелот против Вардар.Сигурен во дефанзивата, максимално активен при офанзивните акции.

6. КРИСТИЈАН ТОШЕВСКИ (ВАРДАР)

Репрезентативецот одигра добар натпревар за Вардар заокружен и со прекрасен погодок во второто полувреме.

7. НИЈАС ЛЕНА (СТРУГА ТЛ)

Еден од најзабележителните во редовите на стружани против Шкендија. Вистински мотор на средината од теренот, притоа постигнувајќи и прекрасен гол за победа против шампионот.

8. ДЕМБО ДАРБОЕ (ШКУПИ)

Влезе во игра во второто полувреме и ја најави потоа пресврт-победата на Шкупи со убав гол за водство од 2-1.

9. ВАЛЕНТИН КОЧОСКИ (СТРУГА ТЛ)

Фудбалерот на одлука, пресуден за пресвртот на дуелот на Струга ТЛ против Шкендија. Со неговиот извонреден гол директно од слободен удар за израмнување на 1-1 веќе беше најавена победата на стружани.

10. ДАВИД ТОШЕВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Најактивниот во тимот на Работнички. Постојана закана по голот на Борец, постигнувајќи го и водечкиот гол во триумфот од 2-1.

11. ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Најзаслужниот секако за освоениот бод на Македонија ЃП на гостувањето против Ренова во Тетово. Во 94. минута постигна супер-гол за конечни 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови