Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 15.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА !

Шкендија мина победнички низ Велес, но и Шкупи ја освои Битола, а Македонија Ѓорче Петров славеше против Беласица. Водечкото трио чекори брзо за сите останати, а градското дерби меѓу Вардар и Работнички донесе многу борба и желба за победа, но без конкретна завршница. 

Академија Пандев освои бод во Струга, а Силекс се врати непоразен од дуелот со Ренова во Тетово. 

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 15.коло во Првата фудбалска лига. 

1. СТЕФАН ТАСЕВ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Младиот суперталентиран голман на Македонија ЃП дебитираше на прволигашка сцена на 16 години и пет месеци. Без да покаже знаци на трема, стабилен и неверојатно зрел за својата возраст. Изборот во тимот на колото му е потстрек да продолжи да го развива својот голем талент. 

2. БАШКИМ ВЕЛИЈА (РЕНОВА)

Активен во нападот, но и секогаш подготвен да одговори на дефанзивните задачи. Беше еден од најдобрите во составот на „гипсарите“.

3. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Вистински командант во одбраната на „лавовите“. Бескомпомисен во воздух и одлично поткован во техничко-тактичкиот дел. 

4. ЈАН КРИВАК (ШКЕНДИЈА)

Борец притискаше, имаше шанси на дуелот во Велес, но тој беше секогаш тука да расчисти и да спаси пред голот на Захов.

5. СТЕФАН ЈЕВТОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Неверојатен радиус на движење, организатор на играта, но и одличен деструктивец кој одзема топки од противникот. Стигнуваше и да се закани во нападот, недостигаше единствено ефикасна реализација, а имаше убави можности. 

6. ЕНУР ТОТРЕ (ШКЕНДИЈА) 

Репрезентативен калибар, прецизни додавања, преглед и контрола на средината на теренот. Во него Шкендија има одличен креативец. 

7. ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)

Постигна прекрасен погодок од слободен удар, донесе многу важен бод за својот тим. Играше одлично во средниот ред, ги држеше конците во составот на Југослав Тренчовски.  

8. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Едноставно секое наредно коло и скеој нареден натпревар е се подобар. Ветеранот игра како момче, постигнува прекрасни голови, додава, асистира….доминира.

9. ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)

Со брзиот и продолжен чекор ги пробива противничките одбрани. Одлично се разбира со Бесарт Ибраими, постигна погодок за потврда на победата на Шкендија против Борец.

10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Тој е главната алка во нападот на Шкендија, одличен тандем со Дориев, а и вистински учител за младиот Елези. Со своето движење и поставување прави немир во секој момент кај противничките дефанзивци. 

11. ДЕМБО ДАРБО (ШКУПИ)

Незадржлив и секогаш мотивиран да постигне уште еден и уште еден и уште еден погодок. Пелистер поведе, но Дембо Дарбо брзо ги смири битолчани со два „пеницилина“. Во вториот дел постигна уште еден гол за да комплетира хет – трик. 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: УМИТ КАРАН (ШКУПИ)            

Прославениот напаѓач умее да им даде слобода во играта на напаѓачите и тоа Дембо Дарбо го користи на најдобар можен начин. Шкупи игра брз и модерен фудбал, создава шанси, постигнува голови. И по примениот гол следеше експресен одговор. Умит Каран заслужи да биде најдобар тренер за 15.коло во Првата фудбалска лига.

  

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови