
Очигледно долга и неизвесна ќе биде трката за шампионската титула сезона во Првата македонска фусбалска лига. Вардар никако да се одлепи на врвот, откако во 14. коло го запиша и вториот пораз сезонава, овој пат на гостувањето од Струга Трим Лум. Сето тоа за доближување на Шкендија која славеше на гостувањето против Работнички.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 14. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. УРОШ ЃУРИЌ (СТРУГА ТЛ)
Нова квалитетна партија на чуварот на мрежата на стружани. Имаше неколку одлични интервенции, посебно при 0-0, а потоа и во второто полувреме сигурен на својот гол пред налетите на „вардарци“ за израмнување.
2. МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Стандарден по десната страна во тимот на Шкендија, сигурен во дефанзивата и активен во средниот ред.
3. АРБЕН ТАФЕ (СТРУГА ТЛ)
Нов одличен меч на Арбен Тафе еден од најзаслужниот за големата победа од 2-1 против Вардар. Стрелец и на вториот гол за Струга ТЛ, „ковајќи“ ја со глава топката во мрежата на Гачевски.
4. МАРИО МАСЛАЌ (АК. ПАНДЕВ)
Вообичаено сигурен во дефанзивата на „пандевци“, повторно со квалитетен натпревар и на гостувањето против Ренова во Тетово.
5. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)
Уште еднаш потврди дека е сериозна „алка“ во играта на Силекс. Одличен овој пат во дефанзивата спречувајќи можност гостите да дојдат до позитивен резултат.
6. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Еден од најзабележителните во тимот на Македонија ЃП. Стрелец и на погодокот во ремито од 1-1 на гостувањето против Борец.
7. МИЛОШ ЖЕРАВИЦА (СИЛЕКС)
Творецот на победата на кратовци. Стрелец на единствениот погодок вреден три бода од пресметката против Шкупи.
8. ИЛИРИД АДЕМИ (РЕНОВА)
Беспрекорно борбен во средниот ред, стрелец и на единствениот гол на „гипсарите“ за реми против Академија Пандев.
9. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)
Успеа со погодок да донесе бод за својот тим, и на тој начин да се избегне првиот пораз пред своите навивачи сезонава.
10. ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ (СТРУГА ТЛ)
Најопасниот во офанзивниот ред на стружани. Со гол го отвори резултатот најавувајќи ја победата на Струга ТЛ против Вардар.
11. АГИМ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Фудбалерот кој ја донесе победата за Шкендија на гостувањето против Работнички. Стрелец на двата гола од пенал за триумф на црвено-црните.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Стефан Ристовски во тимот на колото во Хрватска

Евро-фудбал
„Бомба“ од Минхен: Жоао Кансело доаѓа во Баерн

Евро-фудбал
„Ел Класико“ во полуфиналето на Купот на Кралот

Интернационалци
Стефан Коцев потпиша за Каспиј

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Прва лига
Тиквеш минимално го победи Феризај

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Трајковски поразен во Суперкупот на Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Монца го потопи Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
