Connect with us

МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ: ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)

Одличните игри во дресот на Вардар му донесоа повик во сениорската репрезентација на Македонија. Некогаш беше еден од адутите на Благоја Милевски на патот кон ЕП за младиот национален тим до 21 година, а сега повторно е заедно со Барди, Николов, во селекцијата на Игор Ангеловски. А повикот го заслужи со блескавите настапи и головите во „црвено-црниот“ дрес. 

Во месец октомври Даниел Аврамовски беше фантастичен. На три меча постигна четири гола и директно влијаеше на бодовното одлепување на Вардар во однос на конкурентите. Постигна гол во ремито (1-1) против Македонија ЃП, погодок во триумфот против Борец (2-0) и два гола во победата над градскиот ривал Работнички (0-2). Тоа му го донесе и признанието за најдобар играч за месец октомври во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ. 

„Благодарност за наградата, многу ми значи, ќе ми биде мотив за уште подобри игри, верувам и нови голови во дресот на Вардар, дај Боже и во репрезентацијата на Македонија. Сакам да го поделам ова признание со соиграчите од Вардар, целиот тим игра одлично и најважни се триумфите. Морам да искажам задоволство и од сопствените настапи, иако самиот сум си најголем критичар и верувам дека може уште подобро“, изјави Даниел Аврамовски при добивањето на наградата за најдобар фудбалер во Првата лига за месец октомври.

Вардар ќе презими на првото место на табелата, а в недела го игра големото дерби против Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Даниел Аврамовски секако е еден од најголемите адути на тренерот Александар Васоски.

     

   

 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови