Струга Трим Лум не признава фаворити, посебно не на домашен терен. Шкупи има можеби и шампионски амбиции оваа сезона, но пристигна крај езерото и доживеа пораз.
Најзаслужен за одличната игра на стружани и за триумфот од 2-0 над Шкупи беше Нијас Лена. Вистински лидер, креатор на играта, но и одличен реализатор. Постигна два гола и го урна тимот од Чаир. Со овој триумф, Струга Трим Лум стигна до 11 бода во шампионатот и гледа високо, кон горниот дел од табелата.
Нијас Лена со настапот против Шкупи го заслужи епитетот за најдобар играч на 7.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Следниот предизвик за стружани е гостувањето кај Македонија ЃП во Ѓорче Петров на 3 октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













