
Последнопласираниот Борец направи големо изненадување со триумфот (4-2) над актуелниот првак Шкендија во Велес. Офанзивен пристап, огромна желба за освојување бодови и расположени напаѓачи. Тоа беше рецептот на тренерот Горазд Михајлов за победа над големиот ривал.
Имаше среќа што во составот го има на располагање и напаѓачот Никола Радовиќ. Српскиот интернационалец одигра одличен меч, ги постигна првите два гола за Борец и го поведе тимот кон големиот триумф. Со изданието дефинитивно го заслужи епитетот за најдобар играч на 22.коло во Првата лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Борец со победата над Шкендија значително ги зголеми шансите за опстанок, а во следното коло кое на програмата е утре ќе гостува во Скопје на дуел против Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal