Connect with us

Македонци, забава ќе има на Европско….сега е ковид-невреме (ФОТО)

МАКФУДБАЛ во Букурешт,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија е во Букурешт, како еден вид генерална проба пред Европското првенство во јуни. Романија е првиот предизвик за селекцијата на Игор Ангеловски во квалификациите за СП во Катар 2022.

Во ова ковид – невреме, како што истакнуваат Романците, романската метропола Букурешт делува како Дракула да напаѓа и среде бел ден. Коронавирусот коси и во Романија, сите се екстремно внимателни, речиси и да нема луѓе по улиците, забава – никаква.

Кафулињата зјаат празни иако имаат убави ковид-најлони, функционираат само со надворешен сегмент, шопинг моловите се затворени, низ перковите речиси и да нема раздвиженост, сите во сопствениот автомобил брзаат да ги завршат најосновните работи.

„Македонци, сега е ковид-невреме. Дојдете за Европското, тогаш се надеваме сите дека ќе имаме и забава“, велат вработените во романските кафулиња.

Во Романија жителите интензивно се вакцинираат против Ковид-19 и се надеваат дека до јуни Букурешт ќе изгледа многу поинаку и ќе го врати забавниот живот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови