
Македонските навивачи нема да можат да патуваат во Холандија за да ја бодрат репрезентацијата на Европското првенство, затоа што Македонија сè уште не се наоѓа на нивната листа на безбедни земји.
„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната“, објави холандската амбасада во Скопје на Фејсбук.
Според информациите од сајтот на холандската влада, оваа листа засега ја сочинуваат Австралија, Кина, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, кои важат за држави со низок ризик од зараза со коронавирус, како и неколку европски земји кои не се членки на ЕУ (Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн, Монако, Андора, Сан Марино и Ватикан).
Македонската репрезентација ќе гостува во Амстердам на 21 јуни во третиот меч од групата Ц против селекцијата на Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
