
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра маестрален натпревар на гости против Ерменија совладувајќи ја во Ереван со 0-5. Овој триумф ги зголемува шансите да го грабнеме баражот, но секако е потребен еден „кикс“ на Романија во последните два меча од мундијалскиот циклус. Енис Барди постигна хет – трик, првиот гол го постигна Александар Трајковски, а погоди и Милан Ристовски.
Македонија беше доминантна во секој поглед и им „наплати“ на Ерменците за сите досегашни порази во историјата. Тимот на Боби Милевски делуваше како германска моќна машина.
Александар Трајковски го постигна првиот гол за нашиот национален тим во 22.минута откако Стефан Ашковски имаше фантастичен продор по десната страна и асистираше за негова лесна реализација.

Енис Барди, кој денеска ја носеше капитенската лента, првиот свој гол го постигна со силен шут од дваесетина метри, зголемувајќи на 0-2 во 36.минута.
Во 67.минута, Барди зголеми од пенал на 0-3, откако самиот се избори за удар од белата точка. Беше фаулиран од Хофханес Хамбарџумјан.
Во 79.минута, противничката мрежа ја затресе и Милан Ристовски. Доби одлична топка од Елиф Елмас и покажа дека е одличен голгетер.

На крајот, Енис Барди својата одлична партија ја круниса со хет – трик. Во 90.минута, уште еден пенал за Македонија, а Барди не греши од 11 метри.
Победа за историја, дај Боже и за мундијалски бараж…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
