Македонската футсал репрезентација в петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одигра возвратниот дуел со Србија.
Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загуби со 2-1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигра 2-2 против Романија.
„Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство. Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување“, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Штутгартер, Германија);
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski