Македонската репрезентација до 17 години освои значаен бод на стартот на квалификацискиот турнир во Шкотска, играјќи 2-2 против домаќинот. Нашите млади фудбалери покажаа одлична игра и не подлегнаа на притисокот.
Македонија прва го отвори резултатот, откако по еден корнер и одбиена топка, играчот на Келн, Кристијан Маркоски, реагираше најдобро, шутирајќи прецизно за водство од 0:1. На полувреме заминавме со минимална предност, но во вториот дел Шкотите ја зголемија агресивноста и израмнија преку Бојд.
Една несигурна реакција во нашата одбрана доведе до пресврт, а Хогарт погоди за водство на домаќините. Сепак, македонските надежи не се предадоа, па во самата завршница Лорент Жаку од Воска ја искористи големата грешка на шкотскиот голман и постигна гол за израмнување.
Во другиот меч од групата, Романија убедливо го совлада Лихтенштајн со 10-0.
Следниот натпревар нашите млади фудбалери ќе го играат против аутсајдерот Лихтенштајн на 22 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













