Connect with us

Македонија У17 поразена од Кипар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар. Откако во вторникот беше 0-1 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 0-3, на мечот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес. Резултатот од 0-1 беше актуелен по првиот дел.

Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 0-2. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф на гостите од 0-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови