
Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешниот ждреб во Цирих одреди полуфинален противник на Македонија да биде Италија, а во евентуалното финале „црвено-жолтите“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Полуфиналните мечеви ќе се играат на 24 март, Македонија ќе гостува во Италија. Во евентуалното финале од баражот во сегментот Ц повторно ќе гостува, во Португалија или во Турција.

Македонија оствари место меѓу 12-те селекции кои преку бараж ќе се борат за настап на Светското првенство откако за првпат во историјата заврши едни мундијалски квалификации како второпласирана во групата, веднаш зад неприкосновената Германија. Единствено Македонија ги победи „панцирите“ по 20 години непобедливост во мундијалски квалификации, со 1-2 во Дуисбург.
Сите селекции сакаа да ги избегнат Италија и Португалија, а Македонија ги доби двете на својот мундијалски бараж пат до Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
