
Пари Сен Жермен разочара на стартот од својата кампања во Лигата на шампионите. не успеа да го победи Клуб Бриж во Белгија, а речиси и да не прикажа ништо напаѓачкото трио Нејмар – Мбапе – Меси. Интересно е размислувањето на Мајкл Овен кој вели дека со доаѓањето на Лионел Меси всушност ПСЖ е послаб како тим.
Меси го шокираше фудбалскиот свет кога ја напушти Барселона летото со бесплатен трансфер и на крајот се приклучи на ПСЖ, каде што ќе игра со пријателот Нејмар и со фудбалското чудо Мбапе. Многумина се „смрзнуваа“ од самата помисла дека тие тројца играат заедно, а ПСЖ речиси веднаш беше промовиран како еден од фаворитите во Лигата на шампионите.
„Колку и да се воодушевуваме дека играат заедно, овој тим на ПСЖ е послаб со сите тие напаѓачи. Тие се феноменални играчи сами по себе, но дали можат сите заедно да играат во ист“, коментираше Мајкл Овен за „БТ Спорт“.
„Тројцата заедно, Меси, Нејмар и Мбапе, ми го прават ПСЖ послаб од претходно и јас навистина не разбирам зошто тие се едни од фаворитите за трофејот во Лигата на шампионите. Мислам дека англиските тимови, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се далеку, далеку супериорни“, истакна Овен.
Тој смета дека Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими и Серхио Рамос се многу поважни засилувања за ПСЖ од Лионел Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
