За ова сме сонувале. Да оди Македонија на мегдан на една моќна Германија и цела нација да верува дека фудбалската репрезентација може да забележи и успех. Едниот сон е веќе јаве – Македонија ќе биде учесник на Европското првенство во јуни, не навикна дека може да се надигрува и со најдобрите.
Подобар испит за фудбалска магистратура Пандев и соиграчите од националниот тим не можеа ни да посакаат. „Гранде“ е доктор професор, има минато низ се и сешто во кариерата, освоил многу трофеи, а успеа и Македонија да ја одведе на Европско. Има и вистински поддржувачи на теренот во оваа помлада генерација – Адеми, Алиоски, Ристовски, Димитриевски, и уште помладите Елмас, Барди, Велковски, Николов…
Селекторот Игор Ангеловски покажа дека умее одлично да ги селектира и да ги мотивира, направи една компактна селекција и што е најважно, со враќањето на Горан Пандев го додаде неопходното искуство на младите сили кои отсекогаш имале квалитет и голема верба во своите можности.
„Германија е фаворит не само против нас на овој меч, Германија е фаворит за освојување на европски и светски титули. Но, Македонија дојде да покаже дека умее да игра, сочувавме и ние сили за оваа голема пресметка со Германија. Веруваме во нашиот квалитет и ќе се обидеме да покажеме што знаеме и умееме“, најави селекторот.
И овојпат Горан Пандев е човекот кој им влева дополнителна сила на останатите момци. А кога тој ќе каже…„Зошто да не се случи чудо во Дуисбург?“, веруваме дека сите му веруваат…
Поубава можност за магистратура пред Европско, од „испрашување“ на гости против Германија – европската Македонија не можеше ниту да посака…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













