Connect with us

Лукас Хернандез во шок – Од љубовна расправија до едногодишна казна затвор

Ѕвездата на Баерн Минхен и француски интернационалец Лукас Хернандез (25) ќе мора да се појави пред судот во Мадрид на 19 октомври за да го избере затворот во кој ќе ја издржува едногодишната казна за која беше осуден. Како што открива шпанскиот весник „АС“, судот во Мадрид му одредил затворска казна фудбалерот поради кршење на мерката забрана за приближување. Но, се работи за навистина банална случка.

Лукас и неговата сопруга Амелија имале жестока расправија на улица во февруари 2017 година, реагирала полицијата и ги привела, а судот во Мадрид ги осуди и двајцата на 31 ден општокорисна работа и им изрече шестмесечна мерка забрана за проближување.

Но, тоа била само обична љубовна расправија, двојката не ја сфатила сериозно судската одлука и си заминале на меден месец во Мајами.

Кога се вратил од меден месец, Лукас бил приведен на аеродромот во Мадрид и завршил кратко зад решетки додека Амелија не била уапсена.

Обвинителите потоа побарале затворска казна од една година за францускиот фудбалер затоа што не ја почитувал забраната за приближување. Судот го прифати тоа барање и одличниот фудбалер беше осуден.
Адвокатите се обидоа да ја претворат казната во општествено корисна работа, но нивната жалба не беше потврдена и казната остана во сила.

Францускиот фудбалер на тој начин ќе мора да се појави пред судот во Мадрид на 19 октомври и да го избере затворот во кој ќе ја издржува казната. Веќе не е можно одложување, но можно е судот да го разгледа барањето откако Лукас ќе се појави на издржување на казната. Се претпоставува дека тој ќе мора да замине на одлежување на казната, а по неколку дена ќе биде упатена нова жалба по која тој ќе може да биде ослободен.

Пред да дојде во Баерн, Лукас Хернандез играше за Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови