Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, јасно стави до знаење дека сака да остане во клубот. Белгиецот моментно е на „Џузепе Меаца“ на позајмица од Челси до лето. Сепак, 29-годишниот играч се надева дека двата клуба ќе се разберат и тој потоа ќе продолжи да го носи дресот на „нероаѕурите“.
„Неколку дена по натпреварот со Холандија во Лигата на нации, разговарав со новиот сопственик на Челси и му ја објаснив целата вистина. Му ја кажав мојата верзија за тоа што се случи и мојот однос со менаџерот Томас Тухел. Тогаш јас решив да се вратам во Интер. Се отвори таква можност, разговарав со клубот и работите се случија многу брзо… Се надевам дека ќе останам во Интер. Интер е сè за мене. Но, мора да најдеме решение со Челси“, изјави Лукаку за „Скај Италија“.
Ова е втор ангажман на Лукаку во Интер, каде што претходно играше помеѓу 2019 и 2021 година и го освои „скудетото“ со тимот. Сепак, од почетокот на оваа сезона, Белгиецот не може да го покаже најдоброто од себе, бидејќи имаше незгодна повреда, поради која на пет натпревари забележа само два гола и една асистенција. Затоа од клубот се надеваат дека тој ќе ја најде својата форма напролет. Тоа би ги убедило да ја платат неговата откупна клаузула.
„Лукаку го сака Интер. Тоа го разбравме откако поминавме многу денови со него. Очекуваме да биде важен играч за тимот. Тој имаше проблеми со мускулите, но сега е целосно закрепнат и треба да се врати во форма. Треба да го најдете вистинскиот пат“, вели спортскиот директор на Интер, Бепе Марота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













