Арсенал стравува за повредата на дефанзивецот Габриел кој предвреме го напушти пријателскиот натпревар меѓу Бразил и Сенегал, кој „кариоките“ го добија со 2-0 на „Емирати“ во Лондон.
27-годишниот стопер падна неколку минути пред крајот на мечот и мораше да добие медицинска интервенција, по што селекторот Карло Анчелоти одлучи да го повлече од игра.
Отсуството на Габриел би претставувало голем удар за тимот на Арсенал, кој ја гради успешната сезона врз силна дефанзивна игра, досега прими само пет гола на 11 натпревари во Премиер – лигата. Повреден е и Рикардо Калафиори, кој предвреме се врати од кампот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













