Connect with us

Лука Јовиќ од лето во Аталанта?

Италијанскиот калчолигаш Аталанта е заинтересиран следната сезона да го доведе Лука Јовиќ. Српскиот интернационалец ниту оваа сезона не успеа да се наметне во Реал Мадрид, за што говорат само 473 одиграни минути во сите натпреварувања.


Карим Бензема е неприкосновен, но Јовиќ не добиваше сериозна минутажа и кога Французинот не настапуваше поради повреда.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува за интересот на италијанскиот тим Аталанта кој во иднина би можел да го донесе српски напаѓач. Дуван Запата е цел на Њукасл, па „божицата“ во тој случај ќе остане без класичен напаѓач.


Италијанците веќе покажале интерес за Јовиќ, кој моментално е проценет на 20 милиони евра, а „кралскиот клуб“ веројатно би го пуштил за оваа сума без разлика што го плати 63 милиони евра во летото 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови