
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ по истекот на договорот го напушти Милан, а иако претходно имаше најави дека тој и неговиот агент водат интензивни разговори со актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул, тој трансфер нема да се реализира.
Српскиот напаѓач денес пристигнува во Атина за да потпише договор со АЕК. Јовиќ ќе потпише договор до крајот на сезоната 2026/27.
Јовиќ најави блескава кариера со настапите за Ајнтрахт Франкфурт, но таа тргна во надолна линија по трансферот во Реал Мадрид.
Во Ајнтрахт играше од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2018/19 постигна 27 голови и седум асистенции на 48 натпревари, што му донесе трансфер во Реал Мадрид вреден 63 милиони евра.
Во Реал мина една и пол сезона, па беше вратен на позајмица во Ајнтрахт, каде што постигна осум голови и донекаде ја оживеа кариерата. По враќањето во Мадрид не ги повтори добрите партии и во дресот на „кралевите“ постигна само три гола на 51 натпревар.
Во 2022 година прејде како слободен играч во Фиорентина, каде што постигна 13 голови во 50 натпревари. Потоа замина во Милан, но италијанскиот гигант не сметаше повеќе на него по завршувањето на минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
