По историскиот успех минатата сезона и првиот трофеј од Лигата на шампионите во клупската историја, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, најави дека неговата амбиција е повторно да ја освои титулата и да продолжи да „пишува историја“.
„Мојата главна цел од првиот ден беше да создадеме нешто историско. Тоа веќе го направивме, но најтешко е да се повтори. Сепак, тоа е нашиот менталитет – да бидеме амбициозни и да останеме на врвот“, изјави Луис Енрике.
Шпанскиот стратег смета дека клучот за одржување на доминацијата е постојаната иновација.
„За да останеме непредвидливи, мора да излегуваме од зоната на комфор и да бараме нови решенија. Тоа го нагласувам секогаш на моите играчи“, додаде тој.
Луис Енрике е задоволен и од летниот преоден рок, во кој пристигнаа дефанзивецот Илија Забарњи, како и голманите Лукас Шевалие и Ренато Марин.
„Имаме доволно квалитет и разновидност во тимот. Не ни требаат многу нови играчи – работата е завршена уште минатото лето. Сега останува да останеме мирни и фокусирани“, заклучи тренерот на ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













