
Луис Енрике веќе не е селектор на шпанската репрезентација. Тој ја напушти селекторската функција два дена откако Шпанија беше елиминирана на пенали од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Ја водеше шпанската репрезентација од јули 2018 година, а со шпанската федерација имаше договор до крајот на оваа година.
„До играчите, кои беа пример за добро однесување и кои ја следеа идејата, жалам што не можев повеќе да ви помогнам. Ми беше задоволство да бидам дел од ова заедно со вас“ , напиша Енрике на Инстаграм и додаде:
„На крај, но не и најмалку важно, порака до навивачите кои не поддржуваа цело време, особено во тешките моменти. Време е да се збогуваме. Само уште една порака. Она што сега му треба на тимот е поддршка за новиот селектор Луис де ла Фуенте за да може да го постигне тоа што сите до сакаме. Напред, Шпанија. Засекогаш. Ви благодарам.“
Де Ла Фуенте со години е во системот на шпанскиот репрезентативен фудбал, преку кој постепено напредуваше до местото селектор на А – селекцијата. Како играч беше член на Атлетик Билбао и на Севилја, а го водеше и баскискиот клуб како тренер пред да ја преземе репрезентацијата до 18 години во 2013 година. Беше европски првак во натпреварувањата У-21 и У-19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
