
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, објасни што му е потребно на Килијан Мбапе за да ја освои наградата „Златната топка“.
„Покрај неговите индивидуални настапи, каде што Килијан е во најдобро издание, тој мора да освојува трофеи на клупско и на национално ниво. Очигледно играч од нивото на Килијан е претендент, не се сомневам во неговото ниво. Сигурен сум дека ќе освои многу Златни топки во кариерата“, изјави Енрике, цитиран од RMC Sport.
Оваа година Французинот беше трет во гласањето за наградата. За освојувач на трофејот беше прогласен Лионел Меси. Аргентинецот ја освои наградата по осми пат во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
